|
Компонента 2:
Поддршка на проекти (грантови)
Оваа компонента ќе идентификува и поддржува регионални и национални проекти иницирани од Граѓанските здруженија во насока на промовирање на урбаната одржливост на просторот на Југоисточна Европа: Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Србија, Црна Гора и Косово како територија под административна управа на ОН. Севкупниот обем на грант програмата е наменет да им овозможи на учесниците на Граѓанските здруженија да се насочат кон проблемите во урбаната животна средина и одржливиот развој во Југоисточна Европа.
Како составен дел од SECTOR програмата за поддршка на проекти, РЕЦ нуди национални и регионални грантови за ГЗ од Република Македонија. Оваа можност ќе трае четири години, односно до 2010 година при што се предвидени три круга на национални грантови и два круга на регионални грантови. Општиот делокруг на донаторската програма има за цел да ги оспособи чинителите на граѓанското општество да работат на прашања поврзани со урбаната средина и со одржливиот развој во Југоисточна Европа (ЈИЕ). Покрај тоа, се очекува поддршката да резултира во посилно граѓанско општество, со цел:
- Да се подигне свеста кај заедниците во однос на условите и на можните решенија за проблемите во секторот животна средина (посебно животната средина и здравствените проблеми); и
- Да се промовираат позитивни промени во животната средина преку: лобирање во полза на животната средина, застапување и набљудување на работата на власта и на индустријата.
Грантови на национално ниво
Вкупните барања за финансирање од ГЗ го надминуваат износот што е на располагање. Затоа, барањата се селектираат низ конкурентен процес (грант добиваат највисоко оценетите проекти).
Апликациониот процес се состои од две фази. Во првата фаза, ГЗ треба да поднесат краток концепциски документ во кој накратко ќе бидат опишани предложените проектни активности и изразен нивниот интерес за разрешување на релевантиот проблем од областа на животната средина. Само ГЗ кои успешно ја поминале првата апликациона фаза ќе влезат во втората фаза и за подготвување на нивните целосни предлог проекти ќе добијат директна помош од независни обучувачи од РЕЦ.
Апликациониот процес се одвива низ две фази и тоа од октомври тековната година до мај наредната година. Концепт-документите ги оценува Локалниот Советодавен Одбор на Канцеларијата на РЕЦ кој брои 5 члена. Неговата работа ја води директорот на РЕЦ во Македонија кој исто така има право на учество во дискусиите и право на глас. Сите баратели се известуваат поединечно со допис за исходот од првата фаза на оценување. Носителите на најдобрите концепт-документи се покануваат да подготват целосни предлог проекти кои понатаму повторно се оценуваат.
Целосните предлог-проекти ги оценува истиот Локален советодавен одбор кој има советодавна и предлагачка улога во процесот на селекција, а конечната одлука ја носи Sida. Имплементацијата на проектите трае 12 месеци од јуни до мај.
Во текот на изминатата година, поточно во Октомври 2006 година, Канцеларијата на РЕЦ во Македонија го објави првиот круг на национални грантови, кога пристигнаа вкупно 77 концепт документи. Повеќе информации за селектираните ГЗ од првиот круг на националните грантови на:
Избрани 7 предлог проекти за финансирање од националната програма за доделување грантови
Канцеларијата на РЕЦ во Македонија го објавува вториот круг Национални грантови за Граѓански здруженија. Фондот на вториот повик изнесува 70,000,00 Евра а крајниот рок за доставување на концепт документите е 12 ноември 2007 година.
Повеќе информации за вториот круг ќе пронајдете на: Оглас за Втор круг на Национални Грантови
Грантови на регионално ниво
Главната Канцеларија на РЕЦ во Сентендре (Унгарија) спроведува и Регионална Програма за доделување на грантови. Максималната сума на оваа програма изнесува 35.000,00 Евра по проект, а услов за апликацја за оваа програма подразбира регионална соработка од најмалку две ГЗ од различни држави во регионот кои ќе учествуваат во реализацијата на проектот.
Во април 2007 година беа одобрени за финасирање вкупно шест проекти од целиот регион. Од Република Македонија во првиот круг од оваа програма е финансиран еден регионален проект. Носител на проектот е Здружението на Граѓани “ОХО” од Скопје со наслов на проектот “Мрежа на ЕКО-училишта” во соработка со “Форум за заштита на животната средина на Дунавскиот слив” Белград, Србија.
Подетални информации за селектираните проекти на регионално ниво можете да најдете овде: http://www.rec.org/sector/support/selected/index.html
Главната канцеларија на РЕЦ во Сентендре, Унгарија го објавува вториот круг на Регионални грантови за Граѓански здруженија. Оригиналните регионални концепт- документи за вториот круг треба да се испратат по пошта до главната канцеларија на РЕЦ (Ady Endre ut 9-11, 2000 Szentendre, Hungary).
Подетални информации за вториот круг на грантови на регионално ниво можете да најдете овде: http://www.rec.org/sector/support/regional-grants.html
назад
|
Избрани 7 предлог проекти за финансирање од Националната програма за доделување на грантови
Записник од информативниот состанок од 23.10.2006
Листа на учесници
Презентација 23.10.2006
Оглас за Втор круг на Национални Грантови
Формулар |