na pocetokhead officeprebarajkontaktirajte nein English
 

Поддршка на граѓански здруженија во областа на животната средина во Југоисточна Европа (SECTOR)

 

 

Избрани 8 предлог проекти за финансирање
од Националната програма за доделување на грантови

            Канцеларијата на РЕЦ во Македонија продолжува со активности предвидени со компонентата за поддршка на проекти од програмата СЕЦТОР.
Во текот на изминатиот период, поточно од Јануари до Мај 2008, во канцеларијата на РЕЦ во Македонија од пристигнатите 15 концепти кои што беа селектирани од страна на ЛСО, 13 Граѓански здруженија развија комплетни предлог проекти.
Канцеларијата на РЕЦ во Македонија го организира состанокот за оценување на 22 Февруари 2008 година, со почеток во 11 часот во просториите на Канцеларијата на РЕЦ во Скопје. Петте члена на Локалниот Советодавен Одбор имаа пред себе многу тешка задача. По деталното разгледување и поединечна дискусија за сите  предлог проекти, од доставените 13 апликации, беа селектирани вкупно 8 предлог проекти.
Резултатите од селекцијата се испратија до Главната Канцеларија на РЕЦ, во Сентендре, која ги достави резултатите до Сида за нивно финално одобрување. Според одлуката на донаторот донесена во Јуни 2008 година, следниве ГЗ добија целосна финансиска поддршка за понатамошно спроведување на предложените проекти: 


1. Еко парк 
Зелена Арка од Скопје;

2. Од дива депонија до детско игралиште
Здружение за заштита на природата и развој на демократијата Осогово, Крива Паланка;

3. Автобуски постојки
Еколошко Друштво БРИЦА, Берово;

4. Користење на природата за развој на туризмот ИО Крсте Јон, Струга;

5. ОСОГОВО ЧИСТО Граѓански комитет за развој, Пробиштип;

6. Искористување на сончевата енергија преку инсталирање на соларни

колектори во градинката Раде Јовчевски - Корчагин Македонско здружение за заштита при работа, Скопје;

7. Заедно за почиста општина ИО Гоце Делчев, Свети николе

8. И ние Ромите сакаме здрава животна средина Здружение на граѓани Роми АВЕНА, Кочани

Вкупната вредност на проектите во првиот круг на националните грантови кои што ќе добијат финансиска поддршка изнесува 75.000,00 Евра. На 06.06.2008 год. (петок) во 11:00ч во просториите на Канцеларијата на РЕЦ во Македонија се одржа Состанокот за Добитниците на Грантови. За таа цел беапоканети  Координаторите на проектот како и легалните претставници од ГЗ. Покрај свеченото потпишување на договорите, на состанокот повторно беа презентирани основните принципи и условите за финансиска поддршка на проекти. Исто така, секој од учесниците изврши презентација на својот проект со цел подобро запознавање со проектните активности и на организациите меѓу себе. 
На состанокот Граѓанските здруженија беа запознаени и идните напатствија при подготовка на описниот и финансискиот извештај за проектите.

 ТРЕТ КРУГ НА НАЦИОНАЛНИ ГРАНТОВИ

Регионалниот центар за заштита на животната средина  со поддршка на Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (Сида), го најавува  и третиот (последен) круг за финансиска поддршка на предлог проекти на Граѓански Здруженија (ГЗ) во врска со урбаната животна средина и одржливиот развој во регионот на Западен Балкан.

Вкупната сума која е на располагање и за овој повик е 70.000,00 Евра. Доделувањето на грантови како при првиот и вториот круг, ќе ги идентификува и поддржи националните проекти иницирани од здруженијата на граѓани, во промовирање на одржливиот убан развој во Македонија. Националните грантови изнесуваат до 10,000 Евра секој.

Селекциониот процес ќе се одвива од септември 2008 до јануари 2009 година. Предлог проектите ќе ги оценува Локалниот Советодавен Одбор на Канцеларија на РЕЦ во земјата. Најдобрите предлози ќе бидат избрани на состанокот за оценување во ноември 2008. според критериумите за селекција. Резултатите од селекцијата ќе се испратат до Главната Канцеларија на РЕЦ, во Сентендре, до крајот на декември 2008 год, која ќе ги достави резултатите до Сида за нивно финално одобрување во јануари 2009 година. Имплементацијата на проектите ќе трае 12 месеци од јануари 2009 до Јануари 2010 година.

За повеќе информации за оваа грант програма, заинтересираните страни можат да ја посетат веб-страната на главната канцеларија на РЕЦ:

http://www.rec.org/sector/support/national-grants.html

http://www.rec.org.mk/Proekti/SECTOR/SECTORK3.htm

 

назад

 

 

.

 

Компонента 2:

Поддршка на проекти (грантови)

Оваа компонента ќе идентификува и поддржува регионални и национални проекти иницирани од Граѓанските здруженија во насока на промовирање на урбаната одржливост на просторот на Југоисточна Европа: Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Србија, Црна Гора и Косово како територија под административна управа на ОН. Севкупниот обем на грант програмата е наменет да им овозможи на учесниците на Граѓанските здруженија  да се насочат кон проблемите во урбаната животна средина и одржливиот развој во Југоисточна Европа.
Како составен дел од SECTOR програмата за поддршка на проекти, РЕЦ нуди национални и регионални грантови за ГЗ од Република Македонија. Оваа можност ќе трае четири години, односно до 2010 година при што се предвидени три круга на национални грантови и два круга на регионални грантови. Општиот делокруг на донаторската програма има за цел да ги оспособи чинителите на граѓанското општество да работат на прашања поврзани со урбаната средина и со одржливиот развој во Југоисточна Европа (ЈИЕ). Покрај тоа, се очекува поддршката да резултира во посилно граѓанско општество, со цел:

Да се подигне свеста кај заедниците во однос на условите и на можните решенија за проблемите во секторот животна средина (посебно животната средина и здравствените проблеми); и

Да се промовираат позитивни промени во животната средина преку:  лобирање во полза на животната средина, застапување и набљудување на работата на власта и на индустријата.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


  na pocetokhead officeprebarajkontaktirajte ne na pocetok od stranicata