|
Компонента 1:
Поддршка на организационата способност
Оваа компонента е наменета да ги продлабочи познавањата на ГЗ во однос на алатките за организациски планирања кои придонесуваат за:
- Поефективно спроведување на нивните активности;
- Зајакнување на организациската одржливост; и
- Зголемување на нивното значење во поглед на граѓаните во нивните заедници.
Методологија
Алатки за проценка на организациската структура (ОАТ)
Проектниот тим најнапред ќе развие алатки за проценка на структурата на организацијата, кои што ќе се применат на одреден број на ГЗ во секоја од земјите кориснички за проценка на внатрешната структура на организацијата и нејзините вредности, воспоставување на легитимноста во општеството како и креирање на мерки за претставување на нивните целни групи и членови.
Врз селектираните ГЗ во секоја од земјите кориснички на SECTOR програмата ќе се изврши проценка на организациската структура со која ќе се идентификуваат клучните точки потребни за развој на организацијата ( институционално, организационо, програмско и внатрешно-организационо вмрежување, партнерство и комуникација). Истражувачката методологија ќе биде дизајнирана на тој начин што ќе ги земе предвид различните полиња на делување на организацијата и ќе користи итеративни (зачестени) алатки за проценка таму кадешто ќе биде потребно. Тука се вклучени и комисијата за контрола (аудит), показатели за изведбата и структура на мерилата на изведбата (капацитети).
Резултатите од проценката на организациската структура на секое ГЗ ќе се употреби за изработка на нацрт план за развој којшто ќе води кон подобро управување со ресурсите и програмата со краткорочни и долгорочни чекори. За организациите учеснички ќе бидат обезбедени грантови кои ќе помогнат во имплементација на клучни акции идентификувани во планот за развој.
По извршената проценка, изведбата на секое ГЗ за време на спроведувањето на планот за развој ќе биде постојано ревидирана. Оваа ревизија ќе му овозможи на проектниот тим да ги поддржи организациите низ целиот процес. Обуките што ќе се обезбедат ќе бидат од областа којашто ќе го помогне севкупниот успех и одржливост на организацијата.
Активности
Развивањето на алатките за проценка на организационата структура ќе биде клучна активност на овој проект. Првата верзија од методологијата за проценка на организационата структура ќе биде издадена во Хрватска, а потоа ќе биде адаптирана во финална верзија и дадена во употреба во земјите кориснички на SECTOR програмата.
Околу 10 ГЗ од секоја од земјите кориснички ќе бидат поддржани од овој проект. Секоја од овие организации ќе подготви план за развој кој понатаму ќе биде спроведен со помош на грантови и обуки.
Група од членови на ГЗ од земјите кориснички и дел од персоналот на РЕЦ ќе бидат обучени како да ја користат методологијата за проценка на организационата структура, со цел да се изгради човечкиот капацитет потребен за долгорочна употреба на овој модел, а со тоа ќе се зголеми и влијанието на оваа компонента во земјите од Југоисточна Европа.
Временска рамка
Јуни - Декември 2006
Подготовка на алатките за проценка на организациската структура и обуки
Декември 2006 - Февруари 2008
Селекција на обучувачи / фацилитатори на пилот организациите
Јануари - Февруари 2008
Селекција на пилот организациите во земјите кориснички
Март - Септември 2008
Реализација на проценката на организациската структура и подготовка на планот за развој на ГЗ
Октомври 2008 - Септември 2009
Спроведување на плановите за развој на ГЗ (финансиска подршка и консултации)
Октомври - Декември 2009
Финализирање на алатките за проценка на организациската структура
Јануари - Март 2010
Оценување и ширење на информации
Повеќе информации на: http://www.rec.org/sector/viability/index.html
назад
|