|

Поддршка на организационата способност
Регионалниот центар за заштита на животната средина за Централна и Источна Европа (РЕЦ), со поддршка на Шведската агенција за меѓународна соработка и развој (Сида), во текот на месец декември 2007, ја објави промоцијата на Компонентата за организациска способност на Програмата СЕЦТОР за поддршка на Граѓанските здруженија од областа на животната средина (ГЗ) во Југоисточна Европа (ЈИЕ).
РЕЦ има за цел преку оваа програма, да помогне во зајакнувањето на внатрешните капацитети на одредени Граѓански здруженија (ГЗ) во сите земји на ЈИЕ со намера да ја зајакне нивната моќ и успешност нудејќи помош во вид на:
- (потпомогнат) процес на самооценување;
- помош за изготвување план за развој на организацијата; и
- за избраните ГЗ, мал грант за делумна реализација на тој план.
Оваа компонента започна со:
Фаза на пријавување: Во оваа фаза се пријавија вкупно 15 ГЗ кои делуваат на територијата на Република Македонија. На состанокот кој на 20 февруари 2008 год. се оддржа во просториите на Канцеларијата на РЕЦ во Скопје а на кој присуствуваше претставник од главната канцеларија во Унгарија, беа селектирани 10 Граѓански здруженија:
Иницијатива на невработени интелектуалци
Виница |
Еколошко друштво ВИЛА ЗОРА
Велес |
Балкански центар за соработка
Скопје |
Здружение за граѓанска иницијатива
Хоризонти, Злетово
|
Македонско еколошко друштво
Скопје |
Регионален центар за застапување
Делчево |
Здружение на граѓани
РЕКА, Кратово |
Центар за оддржлив развој на заедниците
Дебар |
Организација на жените на општина
Свети Николе |
Новинари за права на жената и децата и заштита на животна средина |
Истовремено со повикот за ГЗ, на.. беше објавен и повикот за тренери/фацилитатори. На овој повик се пријавија вкупно 8 лица. По процесот на селекција, РЕЦ обучи 6 локални фацилитатори за користење на алатката за самооценување како и бизнис планирање, кои потоа ќе бидат во можност да им помагаат на ГЗ во сите фази на процесот.
Фаза на самооценување: Секое избрано ГЗ ќе мине низ процесот на самооценување по пат на дискусија која ќе се одвива во рамките на една работилница со помош на фацилитаторите обучени од страна на РЕЦ. Оваа фаза може да трае од неколку часа до неколку денови во зависност од капацитетот на ГЗ да ги заврши сите фази од самооценувањето и ќе се одвива во просториите на ГЗ.
Фаза на подготовка на план за развој: Секое избрано ГЗ со помош на фацилитаторот ќе изготви план за развој чија цел ќе биде долгорочниот континуитет во работењето на здружението и ќе се базира на наодите од оценувањето. Секое здружение ќе има на располагање одреден временски период (неколку недели) за изготвување на планот за развој. Овој процес ќе биде потпомогнат и од фацилитаторите и од материјалите на ОАТ, кои донесуваат идеи преку предлог-сценарија за развој како и разни корисни модели. Плановите за развој ќе бидат временски прецизирани и ќе имаат кратко-, средно- и долгорочно сценарио, инвестициски потреби и трошоци.
Фаза на селекција на плановите за развој: Во оваа фаза, заинтересираните ГЗ, кои ги комплетирале своите планови за развој, истите ќе ги достават до тимот на ОАТ при РЕЦ. Потоа тимот за поддршка на невладини организации при РЕЦ ќе препорача кои од нив треба понатаму да бидат поддржани со грант за организациска способност. Грантот за организациска способност ќе варира во зависност од приоритетите кои се наведени во планот за развој и може да достигне до 5,000 Евра.
Фаза на спроведување на планот за развој: Во крајната фаза, селектираните ГЗ ќе добијат грант за организациска способност, дополнителна поддршка за изградба на капацитети, како и мониторинг и процена. Оваа фаза може да трае до 18 месеци, а тимот на ОАТ непосредно ќе ја следи реализацијата на плановите за развој и ќе им помага на ГЗ низ процесот на реализација.
назад
|