na pocetokhead officeprebarajkontaktirajte nein English
 

Поддршка на граѓански здруженија во областа на животната средина во Југоисточна Европа (SECTOR)

 

 

Проектот е финансиран од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка

Во април 2006 год, Регионалниот центар за заштита на животната средина за Централна и Источна Европа (РЕЦ), со поддршка на Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (Sida) започнаа амбициозен проект за поддршка на граѓанското општество. Проектот насловен SECTOR: “Поддршка на Граѓанските здруженија од областа на животната средина во Југоисточна Европа” - има за цел да го промовира развојот на демократско граѓанско општество за животна средина во земјите од Југоисточна Европа, со цел позитивно да влијае врз општеството, во насока на одржлив развој и подобрени услови за живеење во урбаните области. Овој проект ќе трае четири години и вклучува 37 милиони СЕК (шведски круни); (3.7 милиони ЕУР) за проектна имплементација, од кои 1.73 милиони ЕУР ќе бидат директна поддршка за ГЗ во земјите во Југоисточна Европа: Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Србија, Црна Гора и Косово како територија под административна управа на ОН.

Во првата фаза од програмата, Почетна и истражувачка фаза, беше извршена проценка меѓу граѓанските здруженија од областа на животната средина, со цел да се формулира јасна слика за состојбата на ГЗ и за животната средина во целиот регион. Многу од развојните потреби идентификувани со проценката ќе бидат опфатени активностите кои се дел од овие три компоненти:

  1. Поддршка на организационата способност;
  2. Поддршка на проекти (грантови); и
  3. Помош и обука за воспоставување на мрежи.

Преку оваа програма, РЕЦ и Sida се стремат кон:

    • Зајакнување на граѓанските здруженија од областа на животната средина, преку градење на независни институции и развивање на вештини и способности на организациите;
    • Подигнување на свеста кај заедниците во однос на условите и можните решенија за проблемите во секторот животна средина (посебно животната средина и оптоварувањата по здравјето во урбаните области);
    • Активирање на учесниците во граѓанското општество од областа на животната средина, во обезбедување на информации и воспоставување врски меѓу животната средина и развојот во останатите сектори и меѓу општествените чинители и поголемо учество во процесот на донесување одлуки за животната средина на национално и локално ниво; и
    • Зајакнување на граѓанското општество од областа на животната средина со цел промовирање на позитивни промени од областа на животната средина преку: воспоставување/поврзување во мрежи, лобирање, учество на јавноста, застапување и следење на работата на власта и индустријата.


    назад

     

     

     

     

     

     

     

     

     

     

 

 

 

 

 

 

 


  na pocetokhead officeprebarajkontaktirajte ne na pocetok od stranicata