na pocetokhead officeprebarajkontaktirajte nein English
 

Поддршка на граѓански здруженија во областа на животната средина во Југоисточна Европа

 

 

 

ГЗ
Граѓанските Здруженија од областа на животна средина (ГЗ) се дефинираат како официјално регистрирани или како групи на граѓани или други јавни асоцијации/здруженија кои не може јасно да се дефинираат, а кои што:

  • Не делуваат како официјални владини органи;
  • Се не-профитни тела/органи (пр. не-комерцијални);
  • Функционираат на локално, регионално, национално и/или меѓународно ниво;
  • Имаат примарни цели поврзани со промовирање на едно од следниве:
    • заштита и конзервација на животната средина,
    • одржливо користење на природните и на обновливите ресурси,
    • традиционални културни вредности и знаење кое ќе доведе до намалување на влијанието на општеството врз животната средина,
    • развој, политики и проекти кои ќе бидат позитивни за животната средина, и
    • принципи на управување кои ќе доведат до создавање на средина погодна за заштита на животна средина и одржливиот развој (пр. анти-корупциски мерки, транспарентност, одговорност и учество на јавноста);
  • Ќе бидат присутни во јавниот живот, надвор од рамките на семејните структури, ќе ги изразуваат интересите и вредностите на нивните членови или други, засновани на етички, културни, политички, научни или филантропски размислувања; и
  • Се регистрирани во Македонија .

 

 

 

 

 

 


  na pocetokhead officeprebarajkontaktirajte ne na pocetok od stranicata