| |
 |
Во рамките на проектот кој е финансиран од трилатералната компонента на УНДП/ГЕФ проектот за заштита на Преспа паркот, РЕЦ како избран технички тим, по усвојувањето на почетниот извештај пристапи кон организирање на три национални работилници во Лерин, Корча и Ресен.
|
Првата Работилница се одржа во Лерин, каде што низ дискусија со присутните се изврши оценување и приоритизација на веќе идентифицираните влијанија врз екосистемот. Втората Работилница се одржа во Корча; во споредба со онаа во Лерин, учесниците беа покооперативни, макар што аргументите во прилог на тезите за одделни проблеми воп животната средина не секогаш беа валидни, заради недостиг на научно потврдени факти за причината на определени состојби во животната средина. влијанијата беше успешно спроведено како и во Грција претходниот ден. Третата Работилница се одржа во Ресен. Имаше широк одзив на поканетите и дискусиите се водеа динамично. Уште еднаш се покажа дека ставовите околу причините за влијанијата врз екосистемот на Преспанското Езеро и животната средина во целост не се усогласени и покрај долгогодишните напори општествените чинители да го сметаат овој простор за заедничко добро.
Како нареден чекор од проектот ќе биде изработка на Националните извештаи, кои Ќе послужат како основа за дијагностичката анализа која ќе се фокусира на проблемите со меѓуграничен карактер.
назад
|