na pocetokhead officeprebarajkontaktirajte nein English
  Еко-туризам во регионот на Преспанско Езеро
 

 

Цел на проектот:

Главната цел на проект е да се подготви акционен план за оддржлив туризам, со посебно внимание на еко-туризмот околу Преспанското Езеро преку зајакнување на капацитетите, регионална соработка и практична имплементација.

Задачи на проектот:

- Подобрување на регионалната соработка помеѓу заинтересираните страни од Македонија и Албанија во областа на економијата, животната средина и социјалните теми во преку-граничниот дел;
- Зајакнување на капацитетите на локалните институции, невладините организации и приватниот сектор, со цел подобра соработка, планирање, дијалог и донесување на одлуки;

Активности на проектот:

Врз основа на сегашните напори кон долготрајна заштита на Преспанското Езеро и развој на околните заедници, во рамките на овој проект беа планирани следните активности:

1. Оценка на можностите за еко-туризам на регионално ниво, вклучувајќи ги општините од Македонија и Албанија.

2. Организирање на обуки за главните чинители во областа на туризмот, со цел да се запознаат со концептот за еко-туризам и запознавање на принципите на еко-туризмот преку презентирање на конкретни примери од други региони. На обуките присуствуваа главните чинители, корисниците, носителите на одлуки и невладините организации од областа на еко-туризмот од Македонија и Албанија.

3.Изготвување на Регионална стратегија за развивање на одржлив туризам во Преспанскиот Регион за имплементација на активностите за оддржливост на еко-туризмот во регионот на Преспанското Езеро. Стратегијата е изработена со придонес на локални експерти и општествени чинители од Македонксиот и Албанскиот дел на Преспанското Езеро. Стратегијата треба да им послужи на локалните заедници да ги насочуваат своите активности за развој на еко-туризам во континуиран временски период.

Нацрт верзијата на Стратегијата за развивање на одржлив туризам во Преспанскиот Регион е достапна на македонски и англиски јазик.

Вашите коментари и сугестии за нацрт Стратегијата можете да ги испратите тука. Коментарите и сугестиите ќе помогнат во креирање на финалната верзија на Стратегијата за развивање на одржлив туризам во Преспанскиот Регион.

Контакт лице: Корнелија Радовановиќ , Раководител на проекти

на почеток

  na pocetokhead officeprebaraj kontaktirajte ne na pocetok od stranicata