na pocetokhead officeprebarajkontaktirajte nein English
 
Проект Заштита на строгиот природен резерват Езерани
 

 

 

РЕЦ Канцеларијата во Македонија го спроведува проектот за ревалоризација на строго заштитениот природен резерват Езерани со Биоеко како партнери во конзорциумот што беше избран од страна на УНДП како донатор.

 

Проектниот тим на РЕЦ изврши детална социо-економска анализа на населението што живее на територијата во и покрај строго заштитениот природен резерват Езерани, лоциран на север на Преспанското Езеро.
Анализата покажа дека при заштитата на природниот резерват Езерани, како дел од општо прифатената стретегија за водени живеалишта, треба да се земат предвид повеќе антропогени влијанија. Повеќето од нив произлегуваат од традиционалните практики при искористувањето на природните ресурси.
Проектниот тим предложи различни мерки за надминување на овие состојби. Покрај мерките што се однесуваат на конкретна заштита на водното живеалиште, се предлагаат институционални промени и примена на економски инструменти кои се непосредно поврзани со субвенциите што се доделуваат на земјоделските производители. Се планира да се реализира средба со локалното население на која овие мерки ќе се дискутираат со цел нивно широко прифаќање и примена.

назад

 

  na pocetokhead officeprebaraj kontaktirajte ne na pocetok od stranicata