| |
 |
На 27 јануари 2009 година се одржа промоција на софтверската апликација Датабаза што ја изработи РЕЦ канцеларијата во македонија и фирмата за хардвер и софтвер Форнет од Скопје а ја финансираше Министерството за животна средина и просторно палнирање, за состојбите во животната средина во општините во хотелот Александар Палас во Скопје.
|
Беа поканети сите општини, донаторската заедница, невладиниот сектор, стопанската комора и претставници на консултантски куќи кои се активни во секторот на животната средина.
Промоцијата беше извонредно посетена и побуди голем интерес. Настанот го отвори Министерот Др. Неџати Јакупи со зборовите дека мониторингот врз состојбите во животната средина и известувањето за овие состојби е обврска што произлегува од Европската регулатива, односно од Македонското законодавство што ги има во голема мерка транспонирано Директивите што ја регулираат оваа проблематика (во прв ред Законот за Животна средина). Министерот нагласи дека со помош на оваа апликација ќе се зголеми транспарентноста во многу сфери на управувањето со животната средина.
назад
|