Проектот е финансиран од Австриската владa, преку Австриската соработка за развој (ADC) |
|
На 07 ноември 2011 г., во „Дом на АРМ”, Скопје, во присуство на државниот секретар при Министерството за животна средина и просторно планирање, г-ѓа Соња Лепиткова и советникот при Министерство за образование и наука, г-ѓа Наташа Јаневска се доделија награди на ликовен конкурс во рамките на проектот “Зелен пакет јуниор”. Ликовниот конкурс беше организиран од страна на Регионалниот центар за заштита на животната средина за Централна и Источна Европа, Канцеларија во Македонија со поддршка на редакцијата Детска радост и објавен во нивните изданија Другарче, Развигор и Наш Свет.
На конкурсот објавен во списанието Другарче, “Зелен пакет јуниор” награди добија следните ученици:
- Прва награда, велосипед, доби Бисера Галеска IV-1 одд., ОУ “Кире Гаврилоски Јане” од Прилеп
- Втора награда, ролерки, доби Ели Арапова, III-г одд., ОУ “Видое Подгорец” од Струмица
- Трета награда, комплет за професионално цртање доби Фатима Адеми Реџепи, III-2 одд., ОУ “Крум Тошев”, с.Трубарево, Скопје
На ликовниот конкурс објавен во списанието Развигор, “Зелен пакет јуниор” додели награди на следните ученици:
- Прва награда, велосипед, доби Теодора Димеска, VI-3 одд., ОУ “Кузман Шапкарев” – нас. Драчево, Скопје
- Втора награда, ролерки, доби Ана Андрееска, V-2 одд., ОУ “Гоце Делчев”
- Трета награда, комплет за професионално цртање доби Петрески Христијан, V-1 одд., ОУ “Блаже Конески” – Прилеп
Освен поединечни награди во рамките на конкурсот се доделија и групни награди, и тоа еднодневна екскурзија по избор, за цело одделение. Групни награди добија IV-1одд., ОУ “Блаже Конески” од Велес и IV -б одд., ОУ “Димитар Миладинов” од Скопје.
Сите деца кои учествуваа на конкурсот добија посебна благодарница “Зелен пакет јуниор”. Наградените дела го најдоа своето место на ЦД-Ром (от) којшто се изработува како дел од мултимедијалниот пакет како и на страниците на он-лајн списанието на РЕЦ – “Green Horizon” http://www.greenhorizon-online.com
фотографии од доделувањето на наградите
назад |
|