na pocetokhead officeprebarajkontaktirajte ne
 

Национална работилница за  изработка на содржини за ЦД РОМ во рамките на проектот Зелен пакет јуниор

 

 

 

Проектот е финансиран од Австриската владa, преку Австриската соработка за развој (ADC)

 

 

 

Од 2 до 5 декември 2010 година во Охрид, Регионалниот центар за заштита на животната средина на Централна и Источна Европа  организираше национална работилница со цел да се изработат содржини за ЦД РОМ за пакетот наменет за одделенска настава во основните училишта Зелен пакет јуниор.

Јуниорот е продолжување на успешната приказна за Зелен пакет, мултимедиjален пакет за образование за одржлив развој што се користи во наставата од 6 до 9 одделение во сите училишта во Македонија. Од минатата година Канцеларијата на РЕЦ во Македонија почна со изработка на првата национална верзија на Зелен пакет јуниор. Се очекува Јуниорот да се користи во наставата од 1 до 5 одделение веќе од училишната 2011-2012 година.

На работилницата учествуваа одделенски наставници, едукатори, советници од Бирото за развој на образованието на Република Македонија, како и пртетставници од училиштето за деца со оштетен вид Димитар Влахов од Скопје. Целта беше да се изработат содржини за ЦД РОМ кој ќе го придружува Зелениот пакет јуниор и кој освен информативни ќе има и многу забавни содржини за најмладите ученици. На тој начин преку игра учениците од одделенска настава ќе се запознаваат со основите на одржливото живеење.

Повеќе информации за Зелениот пакет

Проектот Зелен Пакет - Образование за одржлив развој претставува проект што Канцеларијата на РЕЦ во Македонија го спроведуваше во периодот 2006-2008 година. Зелениот пакет е мултимедијален пакет кој опфаќа 22 теми од областа на еколошко образованието за животната средина и претставува прв пакет од ваков тип кој ]е се примени во образовниот систем во Македонија. Во рамките на проектот се  изработи национална верзија на мултимедијалниот пакет наменет за ученици од 5 до 8 одделение (6 до 9 одделение за учениците од деветолетка), на македонски и албански јазик и преку Бирото за развој на образованието се дистрибуира во сите основни училишта во земјава. Пакетот содржи прирачник за наставниците, ЦД-Ром со едукативни содржини ДВД-ЦД со избор на куси филмови поврзани со секоја тема што се обработува во прирачникот и “дилема игри”.

            Проектот беше финансиран од страна на Австриската влада преку  Австриската агенција за развој (ADA). Крајни корисници на проектот се Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за образование, а имплементирачка агенција е Регионалниот центар за заштита на животна средина - Канцеларија во Македонија. Зелениот пакет во училиштата започна да се употребува во  учебната 2008/2009 година.

            За сите дополнителни информации во врска со проектот можете да се обратите во канцеларијата на РЕЦ во Македонија или да ги посетите следните линкови: http://rec.org/REC/Programs/Greenpack/

 

назад

 

 

  na pocetokhead officeprebarajkontaktirajte ne na pocetok od stranicata