na pocetokhead officeprebarajkontaktirajte ne
 

Зелен пакет јуниор

 

 

 

Проектот е финансиран од Австриската владa, преку Австриската соработка за развој (ADC)

 

 

 

           

Канцеларија на РЕЦ во Македонија започнува со реализација на проектот Зелен пакет јуниор чија основна цел е подигнување на свеста за одржлив развој во училиштата во Македонија. Вкупната вредност на проектот изнесува 530.000 ЕУР. Најголемиот дел од средствата се обезбедени од страна на Австриската Влада преку Координативната канцеларија за техничка соработка при Австриската Амбасада во Скопје, 450.000 ЕУР а останатите 80.000 ЕУР се обезбедени од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање и  Министерството за образование и наука.

Целта на Зелениот пакет јуниор е да придонесе кон подобар квалитет на животната средина во Македонија, преку поттикнување на личната одговорност на граѓаните за подобрување на сопствениот однос и поголема грижа за животната средина. Зелениот пакет јуниор, слично на неговиот претходник, ќе осмисли активни методи и алатки за едукација на најмладите ученици (на возраст од 6-10 години), нивните наставници и родители. Пакетот ќе биде дистрибуиран до сите училишта без надоместоци, ќе се користи за едукација на околу 100.000 ученици и ќе се обезбеди обука за минимум 500 наставници. Истиот ќе се изработи во 1.800 примероци на Македонски и на Албански јазик.

Зелениот пакет јуниор претставува продолжување на проектот „Зелен пакет- обрзование за одржлив развој во училиштата во Република Македонија”, што беше имплементиран во периодот 2006 - 2009 г. и  истовремено претставува можност за подигнување на свеста за одржлив развој на најмладата популација. Учениците  веќе во пониските одделенија , од I до IV ќе стекнат одредени знаења и навики за одржливо однесување и со тоа само ќе се олесни  користењењто на Зелениот пакет кој што е веќе изработен и се користи во основните училишта во наставата од V до VIII одделение.

 

назад

 

 

  na pocetokhead officeprebarajkontaktirajte ne na pocetok od stranicata