Логистичка
поддршка на Советодавната Група за Животна Средина и Мониторинг (EMAG) за
проектот за Скопската Обиколница
Советодавната група за животна средина и мониторинг на Скопската обиколница (EMAG) го одржа петтиот квартален состанок и изврши инспекција на теренот во периодот од 28-29 ноември 2006 год. во Скопје. EMAG ги проценува имплементацијата и ефектите од влијанието врз животната средина, као и мерките за набљудување на конструкцијата на западната секција од втората фаза на Скопската обиколница, финансирана од Европската Банка за Реконструкција и Развој (EBRD). На состаноците, како и на теренската посета, беа присутни претставниците на локалните заедници по должината на трасата, како и другите членови од Еко-свест, Министарството за Транспорт и Врски, Фондот за патишта, како и ГИМ и ТЕРНА.
Опис на проектот
Советодавната
група за животна средина и мониторинг (EMAG) беше формирана во 2005
год. од страна на Министерството за Транспорт и Врски (МТВ) на Република
Македонија, како резултат на условите содржани во Договорот за Заем
добиен од Европската Банка за Обнова и Развој (EBRD). EMAG има задача
да го набљудува влијанието врз животната средина од изградбата на
Скопската Обиколница, проект кој е делуно финансиран од страна на
EBRD со цел да ги намали сообраќајните блокади во Скопје и загадувањето.
Членовите на
EMAG се: Ана Чоловиќ од невладината организација Еко-свест/CEE Bankwatch
Network, Исак Ферати, од Министерството за Транспорт и Врски, Димитрија
Тасевски од Фондот за Магистрални и Ргионални патишта и Сокол Клинчаров
од Министерството за животна средина и просторно планирање. Членови
се исто така и Игор Пачовски, претставник од селото Волково и Роберт
Марковски, пртставник од селото Орман, кои се наоѓаат по должината
на трасата на обиколницата. Претседавач со групата е Мониторот за
животна средина назначен од страна на EBRD, Timothy Van Epp, независен
консултант. Координаторите за животна средина од Терна и ГИМ се
исто така поканети да присуствуваат на состаноците на EMAG за да
ја набљудуваат работата и одговараат на прашањата на членовите на
групата.
EMAG ќе се
состанува на секои три месеци во просториите на Регионалниот центар
за заштита на животната средина за Централна и Источна Европа (РЕЦ).
Состаноцит ќе бидат објавувани за медиумите две недели однапред
на веб страните на РЕЦ и EBRD. Канцеларијата на РЕЦ во Македонија
доби грант од страна на EBRD во висина од 15.000 УСД за да овозможува
логистичка поддршка на работата на EMAG групата во периодот 2006-2008
год.
Пакет записници од деветтата
мисија (28-29 ноември) на Мониторот за животнта средина
и состаноците на EMAG групата: