![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
|
Развивање на Национална Стратегија за имплементација на Кјото Протоколот во Република Македонија |
|||
|
Со задоволство Ве информираме дека потребата од поставување на институционална рамка во Македонија за функционирање на Механизмот за чист развој ( Clean Development Mechanism - CDM) од Кјото протоколот иницираше започнување на проектни активности од страна на УНДП и Канцеларијата на РЕЦ во Македонија во заедничкиот проект "Развивање на Национална Стратегија за имплементација на Кјото Протоколот во Република Македонија". Министерството за животна средина и просторно планирање е главен партнер и корисник на проектот. Цел на проектот: Целта на проектот е да се помогне на Владата на Република Македонија во поставувањето на најсоодветна национална правна и институционална рамка за одвивање на Механизмот за чист развој (CDM) и идентификација на секторите и типовите проекти кои ќе придонесат кон намалување на емисиите на стакленички гасови во нашата земја. Со цел да се лоцираат сите заинтересирани страни и чинители во темата климатски промени и нивните специфични улоги и интереси во оваа проеблматика, Канцеларијата на РЕЦ воМакедонија подготви Матрица на заинтересираните страни. Главна цел на подготвување на оваа матрица е да се има увид на владините институции, бизнис фирмите, консултантските куќи, академските институции и лицата кои работат и/или имаат интерес да работат на проблематиката на климатските промени. Целта е истите да бидат поканети на заедничките настани кои ќе се организираат во рамките на проектните активности и кои ќе обезбедат активно учество при консултативниот процес на подготовката на Националната Стратегија за имплементација на Кјото Протоколот во Република Македонија.
|
|||