Регионалниот центар за заштита на животната средина, Канцеларија во Будимпешта, во партнерство со Европскиот центар за заштита на природата (ECNC, Холандија) започна со спроведување на регионалниот проект Биодиверзитет и екосистеми во локалниот одржлив развој во земјите од Југо-источна Европа.
Проектот е фокусиран на малите општини во Албаниа, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора, Србија и Косово (УНСЦР 1244) и има за цел да помогне во намалувањето на зачестената појава на сиромаштијата, загубите во биодиверзитетот и деградација на животната средина, преку зголемување на локалното учеството и свеста на единиците на локалната самоуправата и нивните граѓани.
Во секоја од земјите во кои што се спроведува проектот избрани се по две општини согласно одредени критериуми за зачувување на биодиверзитетот. Партнер општините во овој проект се очекува да понудат помош во развојот и спроведувањето на Локални акциони планови за биодиверзитет (ЛАПБ) преку вклучување на локалните чинители во зедницата, обезбедувајќи соодветни обуки, промовирање на социо-економски придобивки од биодиверзитетот преку спроведување на практични акции на локално ниво. Маврово и Ростуша и Гостивар се двете општини од Македонија што учествуваат во проектот.
Во рамките на проектот се организира почетна регионална работилница на која ќе учествуваат претставници од сите општини од Македонија, Албанија и Косово (УНСЦР 1244). Специфичната цел на оваа работилница е да се подигне знаењето во врска со можностите за одржлив економски развој преку постигнување придобивки за биодиверзитетот и екосистемите, како и да се подигне интересот, јавната свест и капацитетите во поглед на биодиверзитетот и одржливиот развој. Работилницата ќе овозможи:
1) Вовед во SEE BAP проектот и неговите цели;
2) Стекнато знаење во врска со придобивките од грижата за биодиверзитетот и екосистемите, како и придонесот на ЛАПБ во локалната економија;
3) Претставување на нацрт прирачникот за развој и спроведување на Локални акциони планови за биодиверзитет (ЛАПБ) за избраните општини; и
4) Основни вештини за комуникација и фацилитирање.
Работилницата ќе се одржи на 29 и 30 октомври 2009 г. во хотел Дрим во Струга. Од секоја општина ќе учествуваат од пет до седум учесници. Работилницата ќе содржи форми на интерактивни вежби со нагласен акцент кон размена на погледи и искуства меѓу учесниците.
назад
|