![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
| „Национална стратегија за инвестиции во животната средина “ | |||||
Проектот Национална стратегија за инвестиции во животната средина го финансира Австриската агенција за развој и ко-финансира Министерството за животна средина и просторно планирање. За надзор на проектните резултати формирана е Единица за координирање, во која членуваат претставници на сите релевантни министерства, Академијата на науките, Владини тела и агенции што се вклучени во инвестирањето во животната средина. Во изработката на проектниот документ се вклучени стручни лица на РЕЦ, како и 12 домашни и 4 меѓународни експерти како надворешни соработници. Стратегијата за инвестиции во животната средина го опфаќа инвестицискиот период 2009-13 и се состои од три столба: првиот го опфаќа обезбедувањето на потребните средства, како од домашни, така и од меѓународни извори; вториот столб вклучува национален консензус за распределување на овие средства на јасно дефинирани приоритети, и третиот се состои од заложби за институционално зајакнување кое има јасна цел - овозможување на доследно спроведување на Стратегијата. Како прв чекор кон ефикасно спроведување на Стратегијата се препорачува понатамошно кадровско екипирање и зајакнување на капацитетите на постојните сектори во рамките на Министерството за животна средина и просторно планирање, со цел да се воспостави соодветно програмирање, оценување / избор на проекти, нивно спроведување, мониторинг врз спроведувањето и евалуација на резултатите од спроведените проекти.
|
|||||