na pocetokhead officeprebarajkontaktirajte nein English
  Мисија на РЕЦ
 

 

Регионалниот центар за заштита на животната средина за Централна и Источна Европа (РЕЦ) е независна, неполитичка и непрофитабилна меѓународна организација, чија мисија е помагање во решавањето на еколошките проблеми во Централна и Источна Европа. РЕЦ ја исполнува својата мисија преку промовирање на соработката помеѓу невладините организации кои работат на заштита на животната средина, властите, бизнис секторот и други заинтересирани страни, и преку поддршка на слободна размена на информации за животна средина и учество на јавноста во процесот на донесување одлуки за животната средина.

РЕЦ беше основан во 1990 година од страна на Унгарија, Соединетите Американски Држави и Европската Комисија.

Денес, РЕЦ превно е заснован на Статутот потпишан од владите на 28 земји и Европската Комисија, и на меѓународен договор со владата на Унгарија. Седиштето на РЕЦ се наоѓа во Сентендре, Унгарија, а има канцеларии во секоја од 17 земји кориснички: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Естонија, Летонија, Литванија, Македонија, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Србија, Црна Гора, Турција, Унгарија, Хрватска и Чешка.

РЕЦ има дополнителни канцеларии во Република Српска и на територијата под административна управа на ОН - Косово.

Донатори на РЕЦ се Европската Комисија како и владите на Албанија, Австрија, Белгија, Босна и Херцеговина, Германија, Данска, Естонија, Унгарија, Италија, Јапонија, Канада, Летонија, Литванија, Македонија, Холандија, Норвешка, Обедитеното Кралство, Полска, Словенија, Соединетите Американски Држави, Србија и Црна Гора, Финакса, Хрватска, Чешка, Шведска, Швајцарија, Турција, како и други интер-владини и приватни институции.

 

  na pocetokhead office prebaraj kontaktirajte ne na poctok od stranicata