|
Проектот е финансиран од Шведската
агенција за меѓународен развој и соработка
|
 |
Цели на проектот
Очекувани резултати
Проектен период
Активности
Компонента 1
- Изготвување на национална методологија и упатство за изработка на ЛЕАПи
во Република Македонија
Компонента 2
- Финансиска поддршка за развивање на ЛЕАПи
Компонента 3
- Обука /советодавна помош за изготвување и спроведување на ЛЕАПи
Компонента 4
- Финансиска поддршка за спроведување на ЛЕАПи
Компонента 5
- Регионална размена за развивање и спроведување на ЛЕАПи
Буџет на проектот
Цели на проектот
Главните цели на овој проект се:
- Усвојување на стандардизирана методологија за изработување
на ЛЕАПи во Република Македонија, на национално ниво;
- Дефинирање, проценка и поставување на проблемите од
областа на животната средина, базирани на ризикот за човековото здравје,
еко-системите и генерално квалитетот на живот;
- Развивање на ЛЕАПи за секоја од 6- те општини, кои ќе
развијат стратегија и активности за намалување на ризиците по животната
средина во овие општини;
- Зголемување на јавната свест и одговорност за заштита
на животната средина и зголемување на поддршката од јавноста за инвестициите
од областа на животната средина во 6 општини во Македонија.
на
почеток
Очекувани
резултати
Се очекува дека проектот ќе донесе следниве резултати
како долгорочни продобивки:
a) Воспоставена процедура за развој на ЛЕАПи во Македонија,
на национално ниво;
b) Воспоставена структура за соработка помеѓу општествените чинители на
локално ниво во општините (корисници на финансиската помош);
v) Информирана јавност за постоечките проблеми од областа на животната
средина во секоја општина;
g) Зголемена јавна свест за прашањата поврзани со животната средина во
секоја општина;
d) Успешно развиени стратегии за решавање на проблемите од областа на
животната средина во секоја општина;
Ѓ) Создадени услови и локални капацитети за идни инвестиции за решавање
на проблемите од областа на животната средина во секоја општина.
на
почеток
Проектен
период
Проектот ќе биде спроведуван во период од 2,5 години,
и тоа од април 2004 до октомври 2006.
на
почеток
Активности
Активностите во проектот се групирани во 5 компоненти:
Компонента 1: Изготвување на национална
методологија и упатство за изработка на ЛЕАПи во Република Македонија;
Компонента 2: Финансиска поддршка за развивање на
ЛЕАПи;
Компонента 3: Обука /советодавна поддршка за изготвување и спроведување
на ЛЕАПи;
Компонента 4: Финансиска поддршка за спроведување на ЛЕАПи;
Компонента 5: Регионална размена за развивање и спроведување на ЛЕАПи
во Албанија, Федерацијата Босна и Херцеговина, Македонија и Заедницата
на Србија и Црна Гора.
на
почеток
Компонента 1
- Изготвување на национална методологија и упатство за изработка на ЛЕАПи
во Република Македонија
Активности:
· Собирање на постоечкото искуство за процесот на развој на ЛЕАПи во Македонија
во поглед на методологии, донатори, пречки и можности, нова законска рамка,
статус на спроведување и вклучување на заедницата;
· Предлог за методологија за развој на ЛЕАПи која ќе биде применлива за
сите општини во Македонија и прифатена од страна на Министерството за
животна средина и просторно планирање како официјална национална методологија.
Време за реализација: 6 месеци. Проценет буџет за реализација:
30,000 Евра.
на
почеток
Компонента
2 - Финансиска
поддршка за развивање на ЛЕАПи
Активности:
· Селекција на општини кои ќе бидат поддржани да развијат ЛЕАПи;
· Организирање на промотивни состаноци со локалните власти и други опШтествени
чинители во општините;
· Почеток и реализирање на јавна кампања за целите и задачите на ЛЕАПи-те;
· Формирање на организациска структура во општинтие за развој на ЛЕАПи;
· Спроведување на јавни анкети за проценка на јавното мислење во врска
со проблемите од областа на животната средина во општината;
· Дефинирање на листа на проблеми од областа на животната средина во општините;
· Рангирање на проблемите од областа на животната средина;
· Подготовка на листа на приоритети од областа на животната средина за
општината;
· Развој на стратегии за решавање на приоритетите поврзани со животната
средина;
· Изготвување на предлог документи за ЛЕАП во општините;
· Усвојување на ЛЕАП документите во општините.
Време за реализација: 12 месеци. Проценет буџет за реализација:
124,000 Евра
на
почеток
Компонента 3
- Обука /советодавна помош за изготвување и спроведување на ЛЕАПи
Активности:
· Реализирање на работилници за подготвителни активности за развој на
ЛЕАП;
· Реализирање на работилници за активности поврзани со развој на ЛЕАП;
· Реализација на работилници за набљудување и оценување на спроведувањето
на ЛЕАП;
· Тековно советување на општините за развој и спроведување на ЛЕАП.
Време за реализација: 24 месеци. Проценет буџет за реализација:
65,000 Евра
на
почеток
Компонента 4
- Финансиска поддршка за спроведување на ЛЕАПи
Активности:
· Развој на план за спроведување за секоја општина;
· Спроведување на една или повеќе активности од планот за спроведување
со финансиско учество од страна на општините од најмалку 50%;
Време за реализација: 12 месеци. Проценет буџет за реализација:
358,000 Евра
на
почеток
Компонента 5
- Регионална размена за развивање и спроведување на ЛЕАПи
Активности:
· Размена на информации и искуство помеѓу општините кои работат на ЛЕАПи
во Југоисточна Европа преку студиски посети
· Организирање на 4 регионални средби во земјите кориснички на финансиската
помош од ЈИЕ за размена на искуства и знаења помеѓу општините кои работат
на ЛЕАПи (оваа активност ќе биде координирана од Канцелариите на РЕЦ во
Југоисточна Европа кои имаат слично финансирање од страна на SIDA)
· Организирање на Југоисточно-Европска Регионална Конференција за општини
кои работат на ЛЕАПи (оваа активност ќе биде координирана од Канцелариите
на РЕЦ во Југоисточна Европа кои имаат слично финансирање од страна на
SIDA)
· Формирање на Мрежа на општини кои имаат развиено ЛЕАПи во Југоисточна
Европа.
Време за реализација: 12 месеци. Проценет буџет за реализација:
53,000 Евра
на
почеток
Буџет на проектот
Вкупниоѕ проценет буџет за реализација на проектот е 810.960
Евра (630.960 ЕУР донирани од Sida и 180.000 ЕУР учество на општините
корисници на помошта).
на
почеток
|