na pocetokhead officeprebarajkontaktirajte nein English
  Развој на Локални акциони планови за животна средина (ЛЕАПи) во Република Македонија - општини кориснички
 

Проектот е финансиран од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка

 

 

Во рамките на Компонента 2 од проектот беа селектирани шест општини, директни кориснички на проектот:

 

 

 

 

 

 

На овие општини доделена им е финансиска поддршка од по 10,000 ЕУР заради реализација на активности за изработка на ЛЕАП за општината.

Во рамките на Компонента 4 од проектот, спроведена е по една приоритетна акција од ЛЕАП-от за што се доделени по 50.000 ЕУР на секоја општина корисничка. Дополнително секоја општина учествуваше со по 25.000 ЕУР од сопствениот буџет.

Општина ВИНИЦА

Број на население: 17,900 жители

Географски карактеристики: Таа се наоѓа во источниот дел од Македонија, на бреговите на реката Брегалница. Поголем дел од општината е селско подрачје, додека поголем број жители живеат во градско подрачје.

Други карактеристики: Оваа општина има многу големи капацитети за имплементација на проекти за планирање на заедницата. Таа има докажана соработка со локалната власт и НВОи. Тоа е општина со важен потенцијал за развивање на земјоделие и индустрија со употреба на подземните термални води.

Состојба со животната средина

Тематски области

Воздух: Воздухот во оваа општина е со ретко добар квалитет. Главните загадувачи на воздухот се транспортот и домаќинствата за време на зимската сезона.

Вода: Главен проблем во водниот сектор се комуналните отпадни води кои се влеваат во реката Брегалница. Поголем дел од населението во селските области не е поврзан со канализационен систем. Општината има подземни водопади со геотермичка вода.

Природа: Влијанието врз природата во општината е високо, особено врз шумите поради интензивната експлоатација на шумите во овие области.

Употреба на земјиште и почви: како главен проблем во овие области е несоодветната употреба на земјиштето и почвите, без почитување на принципите на урбаното планирање. Една од економските активности во општината е земјоделието со интензивна употреба на фертилизери и пестициди.

Отпад: Во селските области нема систем за организирано собирање и одложување на отпадот.

Структура за развивање на ЛЕАПи

Градоначалник Г-дин Марјан Костадинов, избран во 2005 год.

Локален Координатор Г-дин Гоце Георгиев

Локален Комитет: Се состои од 30 членови, претставници на локалната власт, локален бизнис сектор, локални НВОи и експерти

Работни групи: 5 работни групи со по пет члена во секоја од нив, за секоја од тематските области

Спроведен приоритет од ЛЕАП

на почеток

 

 

Општина ДЕБАРЦА

Население: 5,700 жители

Географски карактеристики: Таа е сместена во југозападниот дел на Македонија. Тоа е типично селска општина.

Други карактеристики: Поголем дел од територијата е во околината на Охридско езеро и затоа развивањето на ЛЕАП за оваа општина треба да биде приоритет.

Состојба со животната средина

Тематски области

Воздух: Општина Дебарца е со многу добар квалитет на воздух. Единствениот значаен извор на загадување е Охридскиот меѓународен аеродром.

Вода: Главниот проблем во секторот води се комуналните отпадни води. Поголем дел од населението не поврзано со канализационен систем. Водоснабдувањето е преку локален систем за водоснабдување или преку подземни води.

Природа: Влијанието врз природата во општината е многу големо, бидејќи постои интензивен пораст на популацијата во општината.

Употреба на земјиште и почви: Како главен проблем во оваа област е несоодветната употреба на земјиштето и почвите, без да се земат во предвид принципите на урбаното планирање.

Отпад: Општината го употребува системот на собирање и одложување на отпадот на градот, но само за нејзиниот градски дел. Селските области немаат систем за одложување на отпад.

Структура за развивање на ЛЕАПи

Градоначалник Г-дин Сокол Митервски, избран во 2005 година

Локален координатор Г-ѓа Драгица Тодоровска

Локален комитет: Се сотои од 32 члена, претставници на локалната власт, локалниот бизнис сектор, локални НВОи и експерти.

Работни групи: 5 работни групи со по 5 члена во секоја, за секоја од тематските области.

 

Спроведен приоритет од ЛЕАП

на почеток

 

 

Општина ДОЈРАН

Население: 3,500 жители

Географски карактеристики: Општина Дојран е сместена во југоисточниот дел на Македонија, на границата со Грција.

Други карактеристики: Тоа е општина која го има едно од најважните природни вредности во Македонија - Дојранското Езеро. Последните две години постои значаен развој на туризмот во оваа општина. ЛЕАПот како документ треба да го заштити езерото од понатамошно уништување и ќе биде многу добра база за понатамошен развој на општината на еден одржлив начин.

Состојба со животната средина

Тематски области

Воздух: Квалитетот на воздухот во општината е на задоволувачко ниво. Непостојат значајни сили кои вршат влијание на воздухот.

Вода: Главниот проблем во секторот води се комуналните води. Поголем дел од населението не е поврзано со канализационен систем. Водоснабдувањето е преку подземни води од планината, но постои недостаток од вода за време на летниот период. Заштитата на Дојранското Езеро е еден од главниот приоритет на граѓаните на Дојран.

Природа: Влијанието врз природата во општината е големо, особено на езерската флора и фауна.

Употреба на земјиште и почви: Системот на собирање и одложување на отпадот е организиран од страна на локалното јавно претпријатие.

Структура на развивање на ЛЕАПи

Градоначалник г-дин Ристо Гушев, избран во 2005 год.

Локален координатор Г-ѓа Милка Ајцева

Локален комитет: Се состои од 30 членови, претставници на локалната власт, локалниот бизнис сектор, локалните НВОи и експерти.

Работни групи: 5 работни групи со по 5 членови за секоја од тематските области.

 

Спроведен приоритет од ЛЕАП

на почеток

 

 

Општина ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

Број на население: 41,500 жители

Географски карактеристики: Таа се наоѓа во северо-западниот дел на градот Скопје, на левата страна од брегот на реката Вардар. Поголемиот дел од општината е селско подрачје, додека поголемиот дел од популацијата живее во градско подрачје.

Други каратктеристики: Главниот пат со кој се поврзува западниот дел на Македонија поминува низ центарот на општината. Неколку индустриски капацитети, главно од хемискиот сектор се сместени на територијата на општината. Таа е мулти етничка општина, со стапка на невработеност која е слична на националната.

Состојба со животната средина

Тематски области

Воздух: Неколку индустриски капацитети создаваат влијание на квалитетот на воздухот во општината. Квалитетот на воздухот е исто така доведен во прашање поради транспортот кој минува низ општината. Покрај ова, општината Ѓорче Петров е сеуште општина со најдобар квалитет на воздух во градот Скопје.

Вода: Главниот проблем во секторот вода се комуналните отпадни води, кои се слеваат во реките Вардар и Лепенец. Поголемиот дел од популацијата во селските подрачја не е поврзана со канализациониот систем. Општината нема проблеми со водоснабдувањето, бидејќи главниот водоводен систем за водоснабдување на градот Скопје поминува низ нејзината територија.

Природа: Влијанието врз природата во општината е многу големо, бидејќи постои интензивен пораст на популација во општината.

Употреба на земјиште и почви: Како главен проблем во оваа област е несоодветната употреба на земјиштето и почвите, без да се земат во предвид принципите на урбаното планирање.

Отпад: Општината го употребува системот на собирање и одложување на отпадот на градот, но само за нејзиниот градски дел. Селските области немаат систем за одложување на отпад.

Структура за развивање на ЛЕАПи

Градоначалник Г-дин Сокол Митревски, избран во 2005 год.

Локален Кординатор Г-ѓа Драгица Тодоровска

Локален Комитет: Се состои од 32 члена, претставници на локалната власт, локалниот бизнис сектор, локални НВОи и експерти.

РаботниГрупи: 5 работни групи со по 5 члена во секоја, за секоја од тематските области

 

Спроведен приоритет од ЛЕАП

на почеток

 

 

Општина ИЛИНДЕН

Население:14,500 жители

Географски карактеристики: Таа се наоѓа во централниот дел на Република Македонија. Целата територија на општината е селско подрачје

Други карактеристики: Општина Илинден е една од најинтересните општини во Македонија во однос на стратешка заштита на животната средина. Таа се наоѓа на главниот сообраќаен коридор во земјата (северо-источен) и на нејзината територија се наоѓаат главниот Аеродром во Македонија како и Рафинеријата. Покрај ова, главната економска активност во општината е интензивното земјоделие.

Состојба со животната средина

Тематски области

Воздух: Рафинеријата за нафта и Скопскиот меѓународен Аеродром создаваат влијание на квалитетот на воздухот во општината. Квалитетот на воздух е исто така под влијание на интензивниот транспорт кој минува низ целата територија на општината.

Вода: Главниот проблем во секторот впда се комуналните отпадни води. Поголем дел од населението не е приклучено на канализациониот систем. Бидејќи водоснабдувањето е преку подземни води кои се блиску до површината, постои шанса од загадување на водата од отпадните води.

Природа: Влијанието на природата во општината е многу големо, бидејќи постои зголемување на населението во општината.

Употреба на земјиште и почви: Почвата е загадена од отпадните води, како и од употребата на вештачки ѓубрива и пестициди во земјоделието, кое е главна економска активност во општината.

Отпад: Системот на собирање и одложување на отпадот е организиран од страна на локалното јавно претпријатие.

Структура за развивање на ЛЕАПи

Градоначалник Г-дин Жика Стојановски, избран во 2005 год.

Локален Координатор Г-дин Миле Атанасовски

Локален Комитет: Се состои од 28 члена, претставници на локалната власт, локалниот бизнис сектор, локалните НВОи и експерти.

Работни групи: 5 работни групи со по пет члена во секоја, за секоја од тематските области.

 

Спроведен приоритет од ЛЕАП

на почеток

 

 

Општина ТЕАРЦЕ

Име на општината: Теарце

Население: 22,500 жители

Географски карактеристики: Таа е сместена во северо-западниот дел од Македонија.Целата територија на општината е селско подрачје.

Други карактеристики: Теарце е типична селска општина во северозападниот дел на Македонија.Проблемите со кои се соочува Теарце се истите со кои многу од селските населби се соочуваат. Иако дел од нејзината територија ја опфаќа Шар Планина, граѓаните се подложени на загадување од индустријата во другите општини, како што е СИЛМАК од општина Јегуновце.

Состојба со животната средина

Тематски области

Воздух: Општина Теарце е општина со висок квалитет на воздух поради близината на Шар Планина. Сепак, СИЛМАК, други помали приватни компании за производство на силиконски материјали, како и транспортот вршат влијание врз квалитетот на воздухот.

Вода: Главниот проблем во секторот води се комуналните отпадни води. Населението не е приклучено на канализационен систем.Водоснабдувањето е преку подземни води од планината, но постои недостаток на вода за време на летниот период.

Природа: Влијанието на природата во општината е многу големо, особено шумите поради интензивното искористување на шумите во таа област.

Употреба на земјиште и почва: Почвата е загадена со отпадните води, како и со употребата на вештачки ѓубрива и пестициди во земјоделието, кое е главна економска активност во општината.

Отпад: Системот собирање и одложување не е организиран.

Структура за развивање на ЛЕАПи

Градоначалник Г-дин Рами Керими, избран во 2005 год.

Локален координатор Г-дин Бесим Имери

Локален комитет: Се состои од 30 члена, претставници на локалната власт,локалниот бизнис сектор, локалните НВОи и експерти.

Работни групи: 5 работни групи со по пет члена во секоја тематска област.

 

Спроведен приоритет од ЛЕАП

 

  na pocetokhead officeprebaraj kontaktirajte ne na pocetok od stranicata