|
Проектот е финансиран од Шведската
агенција за меѓународен развој и соработка |
 |

Компонента 1 - Финансиска поддршка за развивање на ЛЕАПи
Компонента 2 - Финансиска поддршка за спроведување на ЛЕАПи
Компонента 3 - Регионална размена за развивање и спроведување на ЛЕАПи во Федерацијата Босна и Херцеговина, Македонија, Србија и Косово (како што е дефинирано според УНСЦР 1244). Обука /советодавна помош за изготвување и спроведување на ЛЕАПи
Компонента 1 - Финансиска поддршка за развивање на ЛЕАПи
Цели:
- Дефинирање, проценка и поставување на проблемите од областа на животната средина, базирани на ризикот за човековото здравје, еко-системите и генерално квалитетот на живот во секоја од 6-те општини;
- Развивање на ЛЕАПи за секоја од 6- те општини, преку планирање на стратегија и активности за намалување на ризиците по животната средина во овие општини;
- Зголемување на јавната свест и одговорност за заштита на животната средина и зголемување на поддршката од јавноста за инвестициите од областа на животната средина во 6 општини во Македонија;
- Развивање на план за спроведување на активностите предвидени со ЛЕАП документот;
Во рамките на Компонента 1 ќе бидат реализирани следните активности:
- Селекција на 6 општини од Република Македонија кои ќе бидат поддржани да развијат ЛЕАПи;
- Организирање на промотивни состаноци со локалните власти и други општествени чинители во општините;
- Формирање на организациска структура во општините за развој на ЛЕАПи;
на
почеток
Компонента
2 - Финансиска
поддршка за спроведување на ЛЕАПи

Во рамките на Компонента 2 ќе биде реализирана следнава активност:
- Спроведување на една или повеќе активности од планот за спроведување со финансиско учество од страна на општините од најмалку 50 %.
на
почеток
Компонента 3 - Регионална размена за развивање и спроведување на ЛЕАПи во Федерацијата Босна и Херцеговина, Македонија, Србија и Косово (како што е дефинирано според УНСЦР 1244).

Во рамките на оваа компонента ќе бидат реализирани следните активности:
- Размена на информации и искуство помеѓу општините кои работат на ЛЕАП во Југоиспочна Европа преку студиски посети;
- Организирање на 4 регионални средби во земјите кориснички на финансиската помош од ЈИЕ за размена на искуства и знаења помеѓу општините кои работат на ЛЕАПи;
- Организирање на ЈИЕ Регионална конференција за општините кои работат на ЛЕАПи;
- Формирање на мрежа на општини кои имаат развиено ЛЕАПи во ЈИЕ.
на
почеток
|