|
Проектот е финансиран од Шведската
агенција за меѓународен развој и соработка |
 |
Компонента 3 - Регионална размена за развивање и спроведување на ЛЕАПи во Федерацијата Босна и Херцеговина, Македонија, Србија и Косово (како што е дефинирано според УНСЦР 1244).

Во рамките на оваа компонента ќе бидат реализирани следните активности:
- Размена на информации и искуство помеѓу општините кои работат на ЛЕАП во Југоиспочна Европа преку студиски посети;
- Организирање на 4 регионални средби во земјите кориснички на финансиската помош од ЈИЕ за размена на искуства и знаења помеѓу општините кои работат на ЛЕАПи;
- Организирање на ЈИЕ Регионална конференција за општините кои работат на ЛЕАПи;
- Формирање на мрежа на општини кои имаат развиено ЛЕАПи во ЈИЕ.
назад
|