| |
|
Проектот е финансиран од Шведската
агенција за меѓународен развој и соработка |
 |
Компонента 1 - Финансиска поддршка за развивање на ЛЕАПи
Цели:
- Дефинирање, проценка и поставување на проблемите од областа на животната средина, базирани на ризикот за човековото здравје, еко-системите и генерално квалитетот на живот во секоја од 6-те општини;
- Развивање на ЛЕАПи за секоја од 6- те општини, преку планирање на стратегија и активности за намалување на ризиците по животната средина во овие општини;
- Зголемување на јавната свест и одговорност за заштита на животната средина и зголемување на поддршката од јавноста за инвестициите од областа на животната средина во 6 општини во Македонија;
- Развивање на план за спроведување на активностите предвидени со ЛЕАП документот;
Во рамките на Компонента 1 ќе бидат реализирани следните активности:
- Селекција на 6 општини од Република Македонија кои ќе бидат поддржани да развијат ЛЕАПи;
- Организирање на промотивни состаноци со локалните власти и други општествени чинители во општините;
- Формирање на организациска структура во општините за развој на ЛЕАПи;
назад
|