| |
|
Проектот е финансиран од Шведската
агенција за меѓународен развој и соработка |
 |

Главната цел на овој проект е намалување на сиромаштијата во Југоисточна Европа преку интервенции во циклусот: осиромашување на природните ресурси/ деградација на животната средина - ослабена економија - зголемена сиромаштија. Следните цели предвидуваат специфични активности за постигнување на главната цел:
- Подобрување на планирањето на животната средина;
- Поттикнување и овозможување на инвестиции во животната средина;
- Подобрување на управувањето со животната средина.
Проектот ќе биде спроведуван во период од 3 години и тоа од ноември 2007 год. до октомври 2010 год.
Во периодот од 1-ви Јули до 31 Декември 2009 год., во рамки на Компонентата I од проектот “Локални планови за животна средина (ЛЕАПи) за подобрување на одржливоста во земјите на Југоисточна Европа”, која што се однесува на развивање (подготовка) на Локални акциони планови за животна средина за секоја од општините – кориснички на ЛЕАП проектот, се реализираа следните активности:
? Беше изработен План за набљудување и оценување на напредокот во спроведувањето на ЛЕАП. Така, за секој од идентификуваните проблеми со животната средина, во интерес на нивно решавање, беа утврдени: мерки, акции, очекувани резултати, показатели на успех (индикатори) и динамика во следење на индикаторите, по тематски области.
? Откако беше изработен Планот за набљудување и оценување, се пристапи кон целсоно финализирање на ЛЕАП документот, што подразбираше комплетирање на сите негови поглавја и дополнување со текстови кои што се однесуваат на: социо-економските карактеристики на општината, опис на процесот на изработка на ЛЕАП документот, избор на соодветни прилози и фотографии и сл.
? Општините пристапија кон претставување на Акциониот план пред пошироката јавност, за што организираа Јавна расправа за собирање на мислења во врска со содржината на документот. Нацрт верзии од акционите планови беа достапни за граѓаните (локалната самоуправа, граѓанскиот сектор, бизнис заедницата и други заинтересирани страни), како во печатена форма во просториите на општините, така и во електронска верзија на нивните њеб страници. На тој начин, заинтересираната јавност имаше можност, да се запознае со содржината на стратешкиот документ и временската рамка за негова реализација.
? Локалните акциони планови за животна средина беа усвоени од страна на Советите на општините – кориснички на ЛЕАП документот, како мошне значајни стратешки документи за општините.
? Се пристапи кон подготвување на англиски верзии од ЛЕАП докукментите, како и преводи на јазиците на малцинските групи кои живеат на територија на општините.
? Беше спроведена тендерска постапка за избор на најповолен понудувач за печатење на ЛЕАП документите.
Со реализацијата на сите гореспоменати активности беа исполнети задолженијата околу спроведувањето на Компонентата I од проектот “Локални планови за животна средина (ЛЕАПи) за подобрување на одржливоста во земјите на Југоисточна Европа”, со што беа развиени ЛЕАП документите, за секоја од 6-те општини, кориснички на проектот.
Отпочнувањето на втората фаза (Компонента II) од спроведувањето на проектот: “Локални планови за животна средина (ЛЕАПи) за подобрување на одржливоста во земјите на Југоисточна Европа”, беше најавена со реализацијата на III-от од циклусот семинари што треба да се остварат со цел негово успешно спроведување. Втората фаза на проектот подразбира потпишување на Договори за соработка во однос на имплементацијата на една акција од утврдените приоритети за унапредување на состојбите со животната средина, во секоја од општините - кориснички на ЛЕАП проектот.
III-от ЛЕАП семинар, што се одржа од 13 - 16 октомври 2009 год. имаше за цел да ги обучи претставниците од локалната самоуправа и дел од заинтересираните страни (бизнис заедницата и невладиниот сектор) на општините кориснички на проектот, во врска со начините за управување со проекти и проектен циклус, развивање на финансиски одржливи и од аспект на животна средина оправдани инвестициони проекти, а исто така учесниците на семинарот имаа можност да добијат информација во врска со најповолните извори на финансирање, кои поддржуваат локални проекти (проекти од помал обем), како и да се запознаат со начините за пристапување до расположливите извори на финансирање. Овој семинар всушност претставуваше и еден вид подготовка на проектните координатори во врска претстојните обврски за подготовка на предлог проекти за финансирање на еден од утврдените приоритети.
За успешна реализација на програмата на семинарт придонесоа и независните консултанти, ангажирани од страна на РЕЦ, Канцеларијата во Македонија, за потребите на ЛЕАП проектот. Секако, семинарот се раеализираше и со активно учество на оние, на кои истиот им беше наменет.
(Јан 2010 - Јуни 2010):
Во тек е втората фаза од спроведувањето на проектот “Локални планови за животна средина (ЛЕАПи) за подобрување на одржливоста во земјите на Југоисточна Европа”, која подразбира потпишување на Договори за соработка во однос на имплементацијата на една акција од утврдените приоритети за унапредување на состојбите со животната средина, во секоја од општините - кориснички на ЛЕАП проектот. Проектот го спроведува Регионалниот центар за животна средина, Канцеларија во Македонија, со финансиска поддршка од страна на Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (Сида).
Во рамки на втората компонента од проектот, која што подразбира потпишување на Договори за соработка во однос на имплементацијата на една акција од утврдените приоритети за унапредување на состојбите со животната средина, во секоја од општините - кориснички на ЛЕАП проектот, беа спроведени следните активности:
? Општините – кориснички поднесуваа Предлог концепти за решавање на 3 проблеми од Листата на приоритети. Секоја општина учествуваше со три предлог концепти, така што на адресата на Канцеларијата на РЕЦ во Македонија, пристигнаа вкупно 18 предлог концепти. Iстите, потоа, беа оценувани од страна на Локалниот советодавен одбор (ЛСО) во состав: Г-ѓа Билјана Џартова (претставник од Сида); Г-ѓа Катарина Стојковска (Директор на РЕЦ), Г-ѓа Каја Шукова (претставник од МЖСПП), како и Г-ѓа Лиле Пеева, Драгана Iлиевска и Милена Манова (надворешни консултанти), со што изборот се сведе на 6 одбрани концепти (по еден од секоја општина).
? За секој од тие концепти, понатаму, општините разработуваа Предлог проекти. Општините ги развиваа своите предлог проекти со примена на достапно Упатство (Упатство за подготвување на Предлог проекти), кое беше подготвено од страна на независните консултанти, во интерес за успешна изработка на бараните Предлог проекти
? Три од општините кориснички (Босилово, Валандово и Чашка) спроведуваа проект за набавка на возило за собирање и транспорт на отпад, со тоа што, од секоја од општините беше побарано да изработи оптимизација на рута (да разработи предлог рута и распоред за собирање и транспорт на отпад, со што ќе опфати, што е можно поголем број на корисници) со максимално искористување на капацитетот на возилото. За таа цел, тие се послужија со Прирачникот за оптимизација на рута, исто така подготвен од страна на независните консултанти, ангажирани од страна на РЕЦ, Канцеларијата во Македонија, за потребите на ЛЕАП проектот.
? За останатите три општини - кориснички на ЛЕАП проекти во овој циклус (октомври 2007 - октомври 2010), се разработуваа предлог проекти од областа води или:
? Замена на постоечките со дигитални водомери заради контрола во потрошувачката на вода (Општина Дебар)
? Унапредување на системот за водоснабдување во Општина Пробиштип (рехабилитација на постојната водоводна мрежа)
? Унапредување на квалитетот на животната средина во Општина Зелениково (изградба/продолжување на канализациона мрежа)
Најдоцна до крајот на јануари 2010 год. општините ги доставуваа финалните верзии од Предлог проектите, кои ги прилагодуваа по основ на забелешките што им беа упатувани од страна на независните консултанти. Откако беше констатирано дека истите се уредно подготвени, беше побарано од проектните координатори, да отпочнат со подготовка на Договорот за соработка во однос на имплементацијата на една акција од утврдените приоритети за унапредување на состојбите со животната средина. Заклучно со првата половина на месец април 2010 год. беа склучени Договорите, помеѓу општините - корсинички на ЛЕАП проектот и РЕЦ, Канцеларијата во Македонија, како спроведувач на финансиската поддршка што им е доделена на општините од страна на Сида.
Понатаму, зависно од активностите што беа предвидени за спроведување на Предлог проектите, општините беа повикани да отпочнат со подготовка на Тендерската документација за вршење на јавни набавки. До крајот на месец април се очекува конечно одобрување на содржината на Тендерската документација, подготвена од секоја од општините, и конечно објавување на Повикот за учество во Тендерска постапка на сите заинтересирани страни, зависно од техничките спецификации на јавната набавка. Согласно усвоениот Закон за јавни набавки, најдоцна 37 дена по објавата на тендерот, ќе се знае кој е изборот за најповолен понудувач во тендерската постапка.
Канцеларијата на РЕЦ во Македонија го објави конкурсот за избор на шест општини кои ќе бидат корисници на оваа програма, со краен рок за доставување на пријавите до 29 Февруари 2008 год. До овој рок, добивме вкупно 30 пријави.
Максималниот износ на неповратни средства кои ќе се доделат во првата компонента (изработка на ЛЕАПи) по општина изнесува 7,000 евра (за поголемите општини) и 5,000 евра (за помалите општини). Треба да се селектираат 6 општини (4 помали и две поголеми општини).
Помали општини се оние кои имаат бројност на жители ДО 15,000 во рамките на нивната територија.
Поголеми општини се оние кои имаат бројност на жители НАД 15,000 во рамките на нивната територија.
Локалниот Советодавен Одбор на РЕЦ за оценување на поднесените документи од проектот Развој на Локални Акциони Планови за Животна средина (ЛЕАП) за подобрување на одржливоста во ЈИЕ се состана на 26 Март 2008.
Составот на членовите на Локалниот Советодавен Одбор е балансиран во смисла на географска дистрибуција, експертиза, едукативна и професионална основа. Дополнително, во овој проект, во процесот на селекција, учествуваше и претставник од Министерството за животна средина и Просторно Планирање како полноправен член на Локалниот Советодавен Одбор. Претседавач на ЛСО е Директорот на Канцеларијата на РЕЦ во Македонија. Исто така претставник од Сида, како набљудувач, учествуваше во процесот на селектирање на шесте општини.
Селектирани општини
назад
|