Проектна задача
1. Појдовни основи
Проектот беше идентифициран за време на подготвувањето на ЛЕАпи за 6 општини (Виница, Ѓорче Петров, Дебарца, Дојран и Теарце). Претходната активност беше поддржана од Sida и спроведувана од страна на РЕЦ Канцеларијата во Македонија. При изработката на Методологијата спрема која сите општини треба да ги определата нивните акциони планови за заштита на животната средина, беа воспоставени повеќе групи на excel табели со цел внесување на податоци за секторите на животната средина. Податоците што беа внесувани од страна на работните групи се користеа за утврдување на состојбата на животната средина и трендови на дадени параметри во определената општина. Заради буџетски ограничувања, спроведената активност резултираше со една едноставна апликација изработена во Visual Basic за која се потврди дека не беше користена во понатамошната работа од страна на општинските служби заради планирање на мерките за заштита на животната средина. Од тие причини се утврди дека резултатите што беа постигнати со претходниот проект финансиран од страна на Sida бараат одредена надградба.
Имајќи ја предвид потребата да се интензивира комуникацијата помеѓу општините и Министерството за животна средина и просторно планирање во врска со управувањето со животната средина, овој проект ќе има за цел да понуди еден унифициран пристап по пат на воведување на транспарентен и униформен софтвер за внес и анализа на податоци.
Специфичните цели на проектот се следните:
- Да се дефинира структурата на датабазата како и степенот на нејзината деталност.
- Да се креира отворена датабаза која ќе овозможи нејзина надградба во иднина.
- Да се дизајнира датабаза која ќе овозможи споредби помеѓу медиумите на животната средина и утврдување на постигнувањето на целите кои се дефинирани во законите и правилниците во оваа сфера.
- Да се овозможи едноставен и брз увид во постигнувањето на целите на животната средина во опредлена општина.
- Да се утврди систематизиран и стандардизиран метод за воведување на описни индикатори за подражјата каде што не постои мониторинг односно не се врши мерење на одредени параметри.
- Да се обезбеди основа за понатамошно поврзување на идентифицираните корисници на национално и локално ниво.
Опис на работите
Консултантот ќе ги изврши следните работи:
1. Ќе направи опсежни анализи на Excel табелите кои се изработени како основа за софтверската апликација
Excel табелите (кои се приложени на оваа Проектна задача) ја дефинира содржината на податоците што ќе се пополнуваат со апликацијата. Во табелата во првата колона се утврдени таканаречените движечки сили, односно извори на загадување. Застапени се четири групи на информации и тоа:
- Населби
- Индустрија / Енергија
- Земјоделство
- Туризам
Во наредната колона за дадена движечка сила наведени се соодветните притосоци / смисии на загадувачки материи во живоптната средина кои се дефинирани преку мерливи и описни индикатори, а во зависност од расположливоста на податоци што се исрпуваат преку редовен мониторинг за дадените параметри.
Следните видови на притисоци се надоврзуваат на специфични движечки сили / загадувачи:
- Емисии во воздухот
- Емисии во подземните води и реки / езера
- Емисии во почва
- Создвање / генерирање на цврст отпад
Влијанието / импликациите и состојбата на животната средина се дефинирани преку следните индикатори:
- Загадување на воздухот
- Загадување на водите
- Зафгадување на почвата (закиселување, нитрификација итн.)
- Деградација на предели / пејзаж
- Деградација на природни богатства и заштитени подрачја
- Деградација на шуми
Последната колона при секоја група на табели е резервирана за мерките кои се превземаат од страна на националните и локалните општествени чинители. Овие мерки се утврдени на следниот начин:
-
Број на овластени инспектори за животна средина.
-
Број и вид на обуки што ги посетувале овластените инспектори за животна средина.
-
Број на издадени B Интегрирани еколошки дозволи (вкупен и за тековната година).
-
Број на издадени A интегрирани еколошки дозволи при што општината била вклучена.
-
Броја на наплатени мандатни казни и вкупна сума на име казни за тековната година.
-
Број и локации на извршени инспекции од страна на овластените инспектори за животна средина.
- инспекции на IPPC инсталации
- инспекции во однос на несоодветно собирање на отпад
- инспекции при несоодветно депонирање на отпад
- инспекции на складишта за отпад
- инспекции при поплаки од граѓани
- други инспекции
Број и локации на извршени инспекции заеднички со државните инспекциски служби
- инспекции со државниот инспекторат за животна средина
- инспекции со државниот санитарен инспекторат
- инспекции со државниот пазарен инспекторат
- Усвоени покални акти (назив, број, дата и место на публикување)
- Локален мониторинг / извршени мерења (методологија на узоркување, дата и резултати од мерењето)
2. Утврдување на софтверската платформа
По деталните анализи од гореспоменатиот обем на податоци за внесување во базата на податоци, консултантот ќе подготви демо верзија за дискусија со Министерството за животна средина и просторно планирање и РЕЦ. Исто така прифатлив е и постоечки софтвер со подготвена нова апликација. Пожелно е да се подготви база на податоци до која ќе има пристап од интернет за сите корисници (општини и Министерството за животна средина и просторно планирање). Доколку биде договорено со корисницте на проектот и РЕЦ, Консултантот ќе продолжи да работи на надоградување на софтверот.
3. Надоградување на софтверот и негово тестирање
Консултантот ќе ја изготви целосната верзија на базата на податоци, со цел да се исполнат посебните цели на проектот. Базата ќе биде тестирана во општина која сама ќе волонтира да ја инсталира и спроведува базата на податоци, по можност "урбана" општина.
Доколку за време на тестирањето се покаже некој недостаток на софтверот, истиот треба да биде корегиран од страна на консултантот.
4. Потребни квалификации:
Образование: Академско образование или работни искуство во Информатичка технологија е потребно, управување со база на податоци или информациски системи.
Посебни техники со бараната област: Соодветни искуство во управување со IT, искуство во IT планирање; Одлични способности во развивање на веб страни и оперативни системи за достапни информации вклучувајќи и софтвер за достапни информации и база на податоци. Одлични докажани способности за управување сп бази на податоци и креирање на иновативни решенија за управување со база на податоци.
Компјутерски/ софтверски способности: Усовршени компјутерски способности вклучувајќи оffice алатки и способност за работа online и користење на Интернетот се предуслов за успешно реализирање на задачите. Добро разбирање на информатичките системи за управување се потребни.
Дополнителни способности: Демонстрирана способност за стратешко размислување и анализа на законите; Одлички координациски способности; кандидатот треба да покаже претходно искуство во организирано и проактивно работење. Тој/ таа треба да имаат способност за приоретизација и извршување на бараните задачи и покрај кратките рокови; Трпение и искуство во работа со луѓе кои имаат мало компјутерско знаење е потребно. Работно искуство во соодветната област ќе се смета за предност; докажан интерес за животната средина ќе се смета за предност.
5. Времетраење на ангажманот
Гореспоменатите задачи (1-2) требат да бидат извршени започнувајќи од 24ти март до 24ти мај 2008 година (вкупно два месеци). Задачата 3 ќе зависи од успехот на втората и ќе трае вкупно уште еден месец дополнително, бидејќи завршувањето на целата работа е предвидено да биде до 30ти јуни 2008 година.
|