Технички тим за собирање и оценка на податоците заради изработка на Трансгранична дијагностичка анализа Стратешка акциона програма за Преспа парк
Во рамките на проектот кој е финансиран од трилатералната компонента на УНДП/ГЕФ проектот за заштита на Преспа паркот, РЕЦ како избран технички тим, по усвојувањето на почетниот извештај пристапи кон организирање на три национални работилници во Лерин, Корча и Ресен.
повеќе
Заштита на строгиот природен резерват Езерани
РЕЦ Канцеларијата во Македонија го спроведува проектот за ревалоризација на строго заштитениот природен резерват Езерани со Биоеко како партнери во конзорциумот што беше избран од страна на УНДП како донатор.
повеќе
Кон чисти горива и возила
Во периодот јануари 2008-февруари 2009 Канцеларијата на РЕЦ во Македонија во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за економија, Министерството за финансии (Бирото за стокови резерви), Бирото за стандардизација, Авто-мото сојузот на Македонија, ОКТА и Макпетрол работеше во насока на отстранување на оловниот бензин. Во рамките на проектот што беше финансиран од UNEP (во рамките на PCFV – партнерство за чисти форива и возила) беше формирана Работна група во која членуваа горе наведените институции преку номинирани претставници.
повеќе
Датабаза за состојбата на животната средина во општините
На 27 јануари 2009 година се одржа промоција на софтверската апликација Датабаза што ја изработи РЕЦ канцеларијата во македонија и фирмата за хардвер и софтвер Форнет од Скопје а ја финансираше Министерството за животна средина и просторно палнирање, за состојбите во животната средина во општините во хотелот Александар Палас во Скопје.
повеќе
Потпишани договори за финансиска поддршка со 8 граѓански здруженија
Регионалниот центар за заштита на животната средина со поддршка на Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (Сида), го спроведува третиот (последен) круг за финансиска поддршка на предлог проекти на Граѓански Здруженија (ГЗ) во врска со урбаната животна средина и одржливиот развој во регионот на Западен Балкан.
Вкупната сума на располагање за овој круг изнесува 70.000,00 Евра.
повеќе
|